Услуги
1. Презентација, консултации и избор
Ние во Коди, веруваме дека секој клиент е различен и за секој е потребно индивидуално и различно решение. Секој треба да има можност да го одбере производот или системот којшто најдобро одговара на неговите желби и можности. Во нашиот салон располагаме со неколку простории за презентација на нашите производи. Просториите се акустично третирани со тоа што имаме две простории со карактеристики на соби за дневен престој и една со референтни карактеристики за домашно кино. Ние сме тука да ви помогнеме да го одберете вистинското решение со тоа што ќе ви ги презентираме нашите производи на соодветен начин.
2. Планирање, подготовки и дизајн
Откако ќе се одбере вистинското решение, ние подготвуваме целосен проект на аудио-визуелниот систем или друг AB систем за интеграција.
Изготвуваме сметка за расходите, извршуваме акустичка и функционална анализа и подготовка на сите фази.
На крај заедно со клиентот се дискутира целиот проект за да се одобри набавка и монтажа на системот.
3. Достава, инсталација и подесување
Вршиме бесплатна достава на сите производи купени од кај нас во Скопје. Вршиме монтажа и поврзување и демонстрирање основните функции на производите. За покомплексни системи извршуваме подготовка, ожичување и монтажа по фази.
Како дополнителни услуги, извршуваме и поврзување и интеграција на производи од други производители, програмирање на далечински управувачи, подесување на разни софтвери и друго. Обука за извршување на посложени функции и операции.
4. После продажба
И после продажбата и монтажата на системот ние сме секогаш достапни. Може да нè контактирате ако имате прашања или сакате реконфигурација или интервенција во системот.
- Гаранција и поддршка после гаранција
Особено внимание посветуваме на сервисна поддршка за нашите производи. Заедно со производителите ние обезбедуваме беспрекорен сервис во гаранцискиот рок со поправки и резервни делови вон гаранцискиот рок.