За нас Новости Дилерска мрежа Производи Инсталации КОНТАКТ
mk   uk
За нас
Зошто убавината да биде привилегија на другите ?!?

На овие простори лугето живееле со музиката и за музиката. Таа била инструмент, средство со која ја искажувале својата радост, тага , својот живот. Европската ориентација, новиот начин создаде потреба од инструмент кој ке ја одржи врската со корените но и со модернте текови и музиката ке ја всели во нашите домови.

Почетоци

1995 ја бележиме како година на скромни почетоци. Желбата беше движечка сила а целта материјализација на таа желба. Благодарение на одличниот одзив и беспоштедното залагање на малата екипа скромните почетоци да ги помниме како извонредни.

Зголемувањето на обемот на работа и продажната програма условуваа проширување на дистрибутивната мрежа низ целата држава, централен магацин, сервисна подршка...
И повторно ентузијазмот и желбата да се понуди поинаков квалитет не натера да го отвориме нај репрезентативниот аудио салон во јужна европа.

Покрај тешките услови во кои живееме и работимесе обидуваме да ги следиме светските текови и на насите потрошувачи да им ги направиме достапни новите технологии.... Креирањето на вкусот на нашите потрошувачи и едукацијата на новите генерации се задачи кои перманентно ги реализираме. Проширувањето на сегментот за професионална употреба е следниот таргет кој ке го реализираме во најблиска иднина.

Потребите на пазарот овозможија да развиеме уште еден сегмент кој во почетокот не представуваше дел од нашата програма. Уредите за професионална употреба и професионални инсталации со сета сериозност и обврски што сами по себе ги наметнуваат.

 
JBL ONKYO MARANTZ PROEL B&W DENON ROTEL CANTON Infinity harman/kardon BOSE FUJITSU LOEWE OEHLBACH